top of page

Што е анемија и како настанува?

  • Sep 21, 2025
  • 5 min read

Недостаток на железо е најчеста причина за анемија особено во индустријализираните земји. Според податоците на СЗО бројките посочуваат: 2 милијарди луѓе односно над 30% од светското население се анемични, а пред се тоа се должи на недостаток на железо. Анемијата се дијагностицира преку одредени параметри на крвната слика меѓу кои најзначајни се хемоглобин, хематокрит, феритин и железо.

Анемијата е сосотојба која се карактеризира со намалување на хемоглобинот и хематокритот и може да биде поврзана со недостатокот на железо, фолна киселина или интоксикација (пр вишок олово) при што црниот.дроб и не можност или нема доволно ензими за произвдство на хемоглобин.

Железото е есенцијален микроелемент кој има регулаторна улога во метаболизмот на црвените крвни зрнца и хемоглобинот и игра клучна улога при транспортот на кислород и клеточното дишење. Во отсуство на железо, ткивата и органите не се доволно снабдени со кислород, па настанува хипоксија (анемична хипоксија). Метаболизмот на железото се одвива во црниот дроб  па така кога ќе почнат резервите полека да се намалуваат, железото не може да се инкорпорира во хемоглобинот. Кога резервите се исцрпени, се јавува анемија поради недостаток на железо. Параметар кој е одговорен за складирање на резервите на железото е фертинот.


Симптоми на анемија


Состојбата на анемија доведува да чувствуваме слабост, несвестица, бледило, брз замор, отежнато дишење, летаргија, безенергичност, главоболка да имаме кршливи коса и нокти и губење на косата, нарушување при голтање, пукнатини на краевите од усните,нервоза, намалена отпорност кон болести. Причината за појава на анемија е од особено значење бидејќи од нив зависи и третманот на анемијата. Во зависност од нејзиниот степен, третмант може да трае и неколку месеци терапија за да се подобри крвната слика.

 

 

1.      Причини за појава на анемија

 

·         Првата причина е недоволното внесување на железо во исхраната ( железо дефицитарна анемија), недостаток на витамини или минерали  (т.н фолат или Б12 дефицитрна анемија) потребни за да се создадат црвени крвни клетки т.е да  хемоглобин. Исто така анемијата може да настане како недостаток на др витамини како, витамин Е, цинк, Б2, Б6, витамин А. Преголемиот внес на кафе, брза и процесирана храна, рафинирана храна, храна богата со калциум уште се познати и како храна која го редуцира железото или ја спречува неговата апсорпција. Познато е дека нивото на железо се намалува за време на одредени режими на исхрана. Ваквата сосотојба е честа појава кај луѓето кои претежно не консумираат храна од животинско потекло (вегани, вегетаријанци), состојби на потхрнетост ( анорексија и булимија) и угоеност.

·          Втората причина е крварењето, односно загубата на крв. Крварењето е значајно без разлика дали е резултат на траума, операција, болест, хемороиди, рак на дебело црево или нешто друго. Жените често, доколку имаат продолжена и обилен месечен циклус се соочуваат со  пад на железото и влегуваат во состојба на анемија..

·         Третата причина е слабата апсорпција од страна на гастроинтестиналниот тракт. Болестите на желудникот, тенкото и дебелото црево, атрофичен гастритис, целијачна болест, хроничен панкреатит се само некои од примерите…

·         За правилна функција на тироидната жлезда исто така се потребни се оптимални рености на железо во крвта.

·         Бременоста е единствената природна состојба која доведува до намалена вредност на железото, најмногу затоа што тогаш потребите за него се најголеми..

·         Постојат и потешките форми на анемија кои најчесто се поврзани со одредени наследни фактори и неможност на коскената срцевина да создава црвени крвни зрна како што е апластична анемија, српеста анемија, автоимуна хемолиична анемија 




Храна богата со железо


Со цел да се подобри сосотојбата на анемија преку храна, изборот на намирници кој го праиме треба да ги содржи трите најзначајни витамини а тоа се витаминот Ц, фолна киселина и витамин Б12. Со оглед на механизмот на апсорпција, постојат два вида железо во исхраната: хем форма на железо и нехем форма на железо. Во исхраната на луѓето, примарни извори на хем железо доаѓаат преку консумацијата на црвено месо, мисиркино и пилешко месо, додека нехем формата железото се добива од консумацијата на житарици, мешунки, овошје и зеленчук. Идеална апсорпција на железото преку храна ќе се постигне при консумација и соодветен избор на месо, комбинирана со зголемен внес на овошје и зеленчук.


Храна богата со хем форма на железо


·         Исхрана од животинско потекло која е значајна да се консумира во состојбите на анемија се: црвеното месо особено јунешкото, тука спаѓа јунешкиот џигер кој особено е богат со железо и фолати иако влегува во храна која ретко кој често ја консумира, јагнешкото месо потоа мисиркиното месо, пилешкиот стек исто така содржат хем форма на железо но во помала количина;

·         Хем форма на железо содржат и некои морски плодови како што се остригите,  некои видови ракови и алги. Исто така и рибите се добар извор на хем форма на железо како скушата, мариниран ии свеж лосос, свежа или козервирана туна;

·         Исто така, јајцата особено жолчката која содржи приближно 1.86 мг железо се одличен избор во борба со анемијата, и богати со протеини и други есенцијални витамини.

·         Медот во некои литературни податоци е забележан како храна која може да помогне во сосотојби на анемија но само како додаток ( пр со семе од коприва).

 


Храна со не –хем форма на железо:


·         Лиснат зеленчук, особено темниот лиснат зеленчук, е меѓу најдобрите извори на нехем железо. Тие вклучуваат: спанаќ, кељ, зелје, лисја од глуварче, блитва, моќната кприва. Копривата е богата со железо, а содржи значителни количини на витамин Ц што ја прави идеален сојузник во борбата против анемијата. Зелениот лиснат зеленчук со висока содржина на железо, како што се спанаќот и кељот, исто така се богати со оксалати. Оксалатите можат да се врзат со железото, спречувајќи ја апсорпцијата на нехемското железо. Поради тоа комбинацијата треба да биде со намирници богати со витамин Ц кои ќе дадат кисела средина и поголема апсорпција на нехем формата на железо. Цвеклото, морковот, пиперките се исто така зеленчук кој содржи железо и витамин Ц

·         Цитрусните овошја, темноцрвените овошја како боровинка, аронија, калинката, урми, јаболките особено покиселите сорти се идеални извори на витамин Ц и претставуваат идеална комбинација во салатите заедно со темнолиснатиот зеленчук;

·         Цели зрна од мешунките, црвен грав, актуелниот наут, соја, леќа се добри извори на фолати и протеини кои се идеален извор на железо кај сите оние кои ја практикуваат вегетраијанската исхрана. Негативна страна е што мешунките и зрната во својата обвивка содржат фитинска киселина која претставува антинутриент што ја попречува апсорпцијата на железото, за таа цел зрната се осаваат неколку часа да отстојат во вода со цел да се намали количината на овој антинутриент;

·         Јаткастите плодови особено бадемите, оревите, зрната како сусам, ленено семе, семки од тиква и сончоглед независно дали се во сирова или печена форма содржат знчајна количина железо и претставуват идеален избор во борбата со анемијата

·         Фортифицирани или цели зрна од житарици, односно збогатени со железо. Предност би имале зрната од овес, хељда...

·         Какаото е добро позната суперхрана и богат извор на железо. Покрај железото содржи и други минерали како што се магнезиум, хром, манган, цинк, калциум, натриум, бакар, кои го зајакнуваат имунитетот.

 
 
 

Comments


Concrete Wall

Контактирај ме!

Благодарам за пораката!

Контакт телефон

+389 78 841 277

Адреса

Ул. Козле бр. 88/8-8

Следи ме

  • Instagram
  • Facebook

© 2023 nutritiontrees.com

bottom of page