top of page

Што е колаген?

Колагенот е најзастапениот протеин во човечкото тело, кој игра примарна улога во здравјето на кожата, коските, мускулите и формирањето на сврзното ткиво. Колагенот е синџир од три есенцијални амино киселини (глилин, пролин и хидроксипролин) кои работат синергистички за да ја поддржат клеточната стабилност.

Исто така, стабилното формирање на колагенски синџир зависи од балансот на витамин Ц, цинк, бакар и манган на телото.

Во телото, колагенот природно се произведува од клетки наречени фибробласти. За оптимално формирање на колаген потребно е да внесете доволно висококвалитетни протеини и витамин Ц во вашата исхрана. Можете исто така да добиете колаген директно со консумација на одредена храна и со конзумирање додатоци.


Скоро на секој телесен систем, орган и ткиво за оптимално функционирање му е потребен колаген. Кога недостасува колаген, ќе се појавуваат одредени симптоми. Недостатокот на колаген поради стареење или лоша исхрана, начин на живот или фактори на животната средина, вклучително појава на брчки, опуштена кожа, вкочанети зглобови, кршлива коса и сува кожа


Типови на колаген


Постојат најмалку 16 различни типови на колаген во телото, секој со своја намена. Најчестите форми се тип I до тип IV. Дури 90% од колагенот во човечкото тело е тип I, кој е структурна поддршка на коските, забите, тетивите, 'рскавицата и сврзното ткиво. Колагенот од типот II е потеглив, обезбедувајќи поддршка за амортизирање на зглобовите. Типот III се наоѓа почесто во артериите и органите, а типот IV првенствено се наоѓа во различни слоеви на кожата.


Со текот на годините ефикасноста во нашето тело за производсво на колаген опаѓа а исто така и квалитетот на колагенот што го произведува телото исто така опаѓа со возраста. Состојбите како колагенско васкуларно нарушување од автоимун карактер, симптомите ќе бидат потешки како осип на кожата кои може да бидат од чешачки карактер, болни, локализирани или широко распространети, замор, слабост и болки во мускулите, болки во зглобовите, треска, сува кожа, очи, уста, херпес на устата, отворени рани, чувствителен скалп, губење на косата


Овие симптоми се појавуваат при: Ревматичен артритис, лупус, сјогренов синдром, полимиозитис дерматомиозитис, системска склероза


Храна која природно содржи колаген


Можете да го зголемите колагенот во вашата исхрана на три различни начини. Можете да консумирате повеќе храна која содржи колаген, можете да консумирате храна која го зголемува сопственото производство на колаген во телото или можете да земате додатоци на колаген.


Најдобрата храна која природно содржи колаген вклучува: Супа од коски, морска храна, јајца, пилешка кожа

Храната која може да помогне во зајакнувањето на производството на колаген во телото е богата со витамин Ц и минерали како сулфур, цинк и бакар. Најдобрите примери вклучуваат:


· Агруми

· Бобинки

· Домати

· Пиперки

· Лиснато зеленчук

· Крстоцветен зеленчук како зелка, кељ и карфиол

· Лук

· Јаткасти плодови

· Семиња

Колагенски додатоци во исхраната


Додатоците на колаген се првенствено познати по нивните придобивки за здравјето на кожата. Но, ако барате начини да изгубите тежина, можеби сте слушнале дека додатоците на колаген можат да помогнат. Додатоците на колаген одамна се познати по нивните придобивки за здравјето на кожата, ноктите и косата преку зајакнување на синтезата на колаген.


Додатоците на колаген доаѓаат во многу форми. Тие можат да бидат изведени од говеда, живина или морски извори и може да се најдат во прав, капсули или да се додадат во производи за здрава храна како што се барови или шејкови.

Во комерцијалниот пазар можеме да ги добиеме во неколку форми како : Додатоци на колаген се достапни во неколку форми:

· таблети

· гуми за џвакање

· прашоци

· течност

· во пакувана храна или пијалок

Дополнувањето со колаген во прав може да биде одличен начин да се зголеми нивото на колаген во организмот. Почитувајќи ги наведените препораки и дозирање знаеме точно колку колаген внесуваме во нашиот организам.

Додатоците на колаген имаат и други потенцијални здравствени придобивкикако што се: подобрување на еластичноста на кожата, намалување на појавата на брчки на кожата, зголемување на хидратацијата на кожата, намалување на губење на коскената маса, подобрување на кршливи нокти, зајакнување на здравјето на косата, го поддржуваат здравјето на срцето


Дали може колагенот да помогне при намалување на телесната тежина


Досегашните научни истражувања покажале дека додатоците со колаген можат да имаат индиректно влијание врз намалувањето на килограмите и тоа преку следниве начини:


Додатоците на колаген може да го зголемат ситоста или чувството на ситост. Овој ефект се должи на тоа што колагенот е протеин, а диетите со висока содржина на протеини ги зголемуваат хормоните за ситост како што се пептид-1 сличен на глукагон и холецистокинин. Тие исто така го потиснуваат грелинот, хормонот на гладот. Ова може да помогне во губењето и управувањето со тежината преку намалување на гладот, а со тоа и колку калории дневно внесуваме.


Помагаат при изградба на мускулната маса. Градењето мускули е суштинска компонента за губење на тежината. Тоа е затоа што мускулите согоруваат повеќе калории во мирување, зголемувајќи ја вкупната потрошувачка на калории. Земањето додатоци на колаген може да помогне во вашите напори со зголемување на мускулната маса, бидејќи колагенот е главниот структурен протеин во нашите мускули.


Постојат докази дека колагенот може да го намали развојот и акумулацијата на масните клетки. Истражувања спроведени врз животни покажале ефект со подобрување на метаболизмот на мастите и намалена акумулација на масти, додека друго истражување каде било суплементиран колаген хидролизат покажало дека ја намалува големината на масните клетки.


Олеснување на болки во зглобовите. Додатоците на колаген може индиректно да помогнат во губење на тежината со намалување на болките во зглобовите. Потребни се здрави зглобови за удобно движење при вежбање и секојдневни активности. Поредовното вклучување во физичка активност може да го поддржи управувањето со тежината.

Закажи консултација со нутриционист и добиј насока за здрава исхрана, нашите нутритивни услуги можеш да ги разгледаш на овој ЛИНК или контактирај ме на следниов КОНТАКТ.


Останете здрави и среќни!

 
 
 

Comments


Concrete Wall

Контактирај ме!

Благодарам за пораката!

Контакт телефон

+389 78 841 277

Адреса

Ул. Козле бр. 88/8-8

Следи ме

  • Instagram
  • Facebook

© 2023 nutritiontrees.com

bottom of page