top of page

Засладувачи - дали се здрава варијанта или само внес на калории?

Често можеме да слушнеме дека шеќерот уште се нарекува и „бела смрт“, дека треба да се отстрани од исхраната и се повеќе се истакнува неговата штетна улога. Во вакви ситуации кога се зборува за штетност на шеќерите најчесто се мисли на т.н прости шеќери кои се составен дел на големата група јаглени хидрати.


Јаглехидратите се еден од трите основни макронутриенти - другите два се протеини и масти. Јаглените хидрати во нашето тело имаат енергетска функција т.е на нашето тело да му даваат енергија (гориво). Поттиканати од желбата или потребата за шеќер која ни е вродена уште од најрана возраст, па од тука е и нашата потреба да се посегне по слатките задоволства.

Природно шеќерите се застпени и во храна богата со хранливи материи, како што се овошјето и зеленчукот, па поради тоа невозможно е да ги избегнеме бидејќи овошјето и зеленчукот содржат други хранливи материи кои се корисни за нашето здравје.


Многу пати мислиме дека шеќерите се наоѓаат само во слатките производи, но на пазарот постојат производи за кои никогаш не би рекле дека содржат шеќер како супи, кечап, сосови, чипсеви итн и се наоѓа под имиња декстроза, малтодекстрин, аспартам, сахарин, неотам, и т н.


Дали шеќерот создава зависност и колку е навистина штетен


Шеќерот е гориво за сите клетки и влијае на хемикалиите во мозокот. Прекумерниот внес на шеќер може да ги промени рецепторите во мозокот кои ја регулираат количината на храна што ја консумираме. Шеќерот го стимулира телото да ослободува серотонин, хормонот на среќата во крвотокот, кој не опушта и ни дава чувство на среќа и мир, но мора да напоменеме дека пречекорената препорака, предизвикува спротивен ефект.


За да се метаболизираат шеќерите во нашиот организам тие црпат и витамни и дрги микронутриенти од нашиот организам. Па така доколку земеме некоја намирница која содржи поголемо количество на шеќер со цел да го подигнеме нашето расположение можеме да потонеме и во поголемо разочарување бидејќи нивниот метаболизам може да ни ги исцрпи и резервите на комплексот од витамините од Б групата кои се од особено значење за работата на мозокот.


Дали внесот на шеќери ќе биде штетен по нашето здравје тоа зависи исклучиво само од нас. Доколку внесот ни е умерен и доколку сме направиле вистински избор кој вид на шеќер го консумираме и во кој дел од денот го консумираме тогаш неговата штетност е на минмално ниво.


Сепак, прекумерното внесување шеќер навистина може да доведе до активирање на воспалителни процеси во нашиот организам како што се дебелината, дијабетесот, кардиоваскуларните заболувања, хипертензија, расипување на забите, и појава на хормонски зависни видови на канцер како што се рак на дојка, простата, јајници и т н.


Како нашиот организам ги преработува јаглените хидрати


Дигестијата или преработката на шеќерите т.е јаглени хидрати започнува во усната шуплина, но најважниот дел од апсорпцијата се одвива во тенкото црево. Внесени во организмот, нашето тело нема способност да распознае за каков вид на јаглени хидрати станува збор и тука шеќерот се разградува до гликоза, фруктоза, галактоза... Потоа, врз основа на енергетските потреби организмот ги користи за функција на мозокот, мускулите, бубрезите итн. или доколку се надминат дневните потреби ќе се складира во масно ткиво.


Она што е значајно да се знае е дека фруктозата и гликозата не се метаболизираат на ист начин. Фруктозата првенствено се метаболизира во црниот дроб, поради што не доведува до значителен скок на шеќерот во крвта, додека гликозата го оптеретува панкреасот. Дневниот препорачан внес на прости шеќери не треба да изнесува повеќе од 10%.


Во нашиот дигестивен систем во симбиоза живеат микроорганизми, и во зависност од видот и количината на храна која ја внесуваме би се хранеле т.н добри или лоши бактерии. Таков е случајот и со шеќерите. При преголем внес на прости шеќери доѓа до хранење на лошите бактерии (пр. кандида) и на тој начин се создаваат оние т.н воспалителни процеси кои подлога за појава на хронични заболувања. Со цел овој баланс да биде одржан, потребна ни е храна која изобилува со диетални влакна како овошјето, житариците, млечните производи и зеленчукот, бидејќи содржат сложени јаглени хидрати кои организмот ги зема постепено онолку колку му се потребни а покрај тоа содржат и други корисни микронутриенти.


Ограничување на внесот на шеќер


Ограничувањето на внесот на шеќер дефинитивно ќе има влијание врз општото здравје, а со тоа и на физичкиот изглед. Не мора да биде ништо строго и ригорозно, а малите промени ќе бидат од големо значење. Клучот е во балансот.

Да не се пречекорува препорачаната доза за внес на шеќери, да се внимава на ГИ (гликемискиот индекс) на храната. Слатките задоволства да се приготвуваат од намирници кои природно содржат шеќери (овошјето)

Важно е да се читаат етикетите на производите. Етикетите ги наведуваат состојките по опаѓачки редослед на доминација по тежина, при што прво се користат состојките во најголема количина, а потоа следат оние во помали количини. Ова значи дека ако производот го наведе шеќерот како прва состојка, знаете дека содржи повеќе шеќер.


Закажи консултација со нутриционист и добиј насока за здрава исхрана, нашите нутритивни услуги можеш да ги разгледаш на овој ЛИНК или контактирај ме на следниов КОНТАКТ.


Останете здрави и среќни!

 
 
 

Comentários


Concrete Wall

Контактирај ме!

Благодарам за пораката!

Контакт телефон

+389 78 841 277

Адреса

Ул. Козле бр. 88/8-8

Следи ме

  • Instagram
  • Facebook

© 2023 nutritiontrees.com

bottom of page