top of page

Што е алергија на храна и кои се најчести алергени состојки во храната?

  • Jun 20, 2023
  • 2 min read

Updated: Aug 4, 2023



Како да постапиме доколку се соочуваме со алергија на храна?



1. Алергија на храна:


Алергија на храна претставува прекумерна реакција на имунолошкиот систем на организмот кон одредена супстанца во храната. Тоа се случува кога имунолошкиот систем на телото погрешно препознава одредена состојка (алерген) како штетен, при што реагира и може да создаде јака реакција или пак да не развие алергија.


Алергиите на храна можат да се појават во секоја животна возраст, но нивната појава со возраста се менува, а се менуваат и алергените кои ја предизвикуваат. Алергиите на храна се почеста појава во првите години од животот како причина на недоволно стекнатиот имунитет.


Кај децата почеста е појавата на алергија на: млеко, јајца, кикирики, соја, пченица, морска риба, додека кај возрасните се појавуваат алергии на јаткасти плодови, морска риба и одредени видови овошје.



2. Најчести алергени потврдени од АХВ (Агенција за храна и ветеринарство) кои се

причина за 90% од алергиските реакции на храна:


  • Јајца и производи од јајца

  • Житарици кои содржат глутен (пченицаа, рж, јачмен, тритикале, спелта)

  • Риба, морски плодови, ракчиња

  • Јаткасто овошје (бадем, лешник, орев…..)

  • Соја и нејзини производи

  • Млеко и млечни производи (вклучително и лактоза)

  • Целер и неговите производи

  • Синап и сенф

  • Сусам и производи од сусам

  • Легуминози или мешунки (грав, леќа, грашок)

  • Адитиви, сулфур диоксид, сулфити ….

3. Како се манифестираат алергиите на храна:


Алергиските реакции на храна при присуство на IgE антитела можат да се манифестираат преку кожни реакции (уртикарија, ангиоедем, атопичен дерматитис), орален алергиски синдром, односно чувство на печење или чешање на јазикот, отекување на јазикот, усните, непцето преку одредени респираторни реакции и често преку дигестивниот систем (грчеви, гадење, повраќање и дијареа). Алергиските реакции на храна настапуваат брзо по консумирање на храна која содржи некој алерген;


Алергија на храна не е посредувана од IgE антитела, сè нарекува нетолеранција на храна (лактоза, глутен, хистамин) и може да се манифестира со дигестивни проблеми кои подразбираат гасови, подуеност, а во некои случаи и запек и дијареја. Пример доколку се соочуваме со интолеранција на глутен чести имаме проблеми со концентрација често чувствуваме замор особено по консумирање оброк кој содржи глутен, промени во расположението, мигрена и главоболки;


Целијакијата претставува и претставува хронично автоимуно заболување, предизвикано од генетски утврдена, постојана нетолеранција на протеинот глутен и се манифестира со воспалително оштетување на мукозата на тенкото црево односно уништување на цревните ресички;


Лекувањето се состои од елиминациска диетотерапија, задолжителна проверка на

декларациите при купување на производите (согласно законските прописи задолжително треба да бидат означени алергените), да не се консумира храна од несигурен извор ( пр. ресторани, пекари, продавници за брза храна).


Доколку ти е потребна консултација со нутриционист, разгледај ги нутритивните улуги на овој ЛИНК или контајктирај ме на следниов КОНТАКТ.


Останете здрави и среќни!

 
 
 

Comments


Concrete Wall

Контактирај ме!

Благодарам за пораката!

Контакт телефон

+389 78 841 277

Адреса

Ул. Козле бр. 88/8-8

Следи ме

  • Instagram
  • Facebook

© 2023 nutritiontrees.com

bottom of page