Б- витамини
- Jun 20, 2023
- 3 min read
Updated: Aug 4, 2023
Витаминот Б се однесува на неколку различни видови на витамини кои заедно се познати како витамини Б-комплекс.

Во комплексот на витамини Б се содржат 8 видови витамини: тиамин (Б1), рибофлавин (Б2), ниацин (Б3), пантотенска киселина (Б5), пиридоксин (Б6), фолна киселина- (Б9) и витамин (Б12).
Улогата на Б- витамините е голема бидејќи директно влијаат на нервинот систем, учествуваат во развојот на мозокот, когнитивните способности а исто така помагаат во производството на ДНК, играат улога во преработката на шеќерите во организмот, масните киселини и други хранливи материи. Б- витамините се добиваат најчесто од храна од растително потекло со исклучок на витаминот Б12 кој обично се изолира од храна од животинско потекло.
Недостатокот на витамините од Б групата се поврзани со бројни симптоми и состојбишто значи нивната улога за човековото здравје е од витално значење. Најчести симптоми за недостаток на Б- витамините се појавата на анемија, конфузија, деменција, депресија, тешкотии во одржувањето рамнотежа, замор, проблеми со дигестијата, нарушувања во расположението, мускулна слабост, вкочанетост и пецкање во рацете и нозете, слаба меморија, болка во устата или јазикот.
Витамин- Б6
Витаминот Б6 (пиридоксин) е од витално значење за нормален развој на мозокот и за правилно функционирање на имунолошкиот и нервниот систем. Тој му помага на телото во синтеза на допамин кој е неопходен трансмитер за правилна функција на мозокот. Одредени заболувања, како што се бубрежните и синдромот на малапсорпција, може да доведат до недостаток на витамин Б6. Познато е дека при недостаток на витамин Б можна е појава на депресија, анксиозност и промени во расположението. За да се подобри нивото на витаминот Б6 потребна е консумација на целозрнести житарици, живина, риба, компири, наут и банани.
Б9 или фолна киселина
Фолната киселина е вистинскиот борец во сосотојбите при намалено расположение. Истражувањата сугерираат дека многу луѓе склони кон депресија имаат пониски нивоа на фолати во крвта. Фолната киселина се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, грав, грашок, кикирики и други мешунки. Значајна е за создавање црвени крвни зрнца, додека во текот на бременоста игра клучна улога во правилниот развој на плодот.
Избегнете ја анемија со помош на витамин Б12
На еден возрасен човек секодневните потреби од витамин Б-12 му се 2,4 микрограми (mcg). Овој витамин уште е наречен цијанокобаламин. Кај адолесцентите, трудниците и доилките овој витамин им е потребен во поголеми количини: 2,6 до 2,8 mcg дневно. Природно тој не се наоѓа во храната од растително потекло, така што вегетаријанците и веганите потребно е да го земаат дополнително како суплемент. Природни извори богати со витамин Б12 се млечните производи, рибата, месото, а особено говедскиот црн дроб и школките. Витаминот Б12 е од суштинско значење во градење на крвни зрнца и одржување на здрави нервни клетки.
Витамин Б1
Витаминот Б1 игра голема улога во метаболизмот на храната и во создавањето енергија. Б1 се наоѓа во целозрнести житарици, квасец, грав, јаткасти плодови и месо. Недостатокот на витамин Б1 предизвикува бери-бери, болест која влијае на срцето, дигестивниот систем и нервниот систем. Бери-бери се појавува кај пациенти кои се потхранети, и кај оние кои имаат проблеми со консумација на алкохол. Луѓето кои консумираат големи количини на алкохол задолжително треба да земаат додаток на витамин Б комплекс за да бидат сигурни дека добиваат доволна количина- Б1.
Рибофлавин (витамин Б2)- зајакнувач на имунолошкиот систем
Рибофлавинот има улога во разградување на јаглехидратите, мастите и протеините внсени преку исхраната. Овој тип на витамин Б влијае на одржување на здрава кожа, цревна слузница и крвните зрнца. Доволната количина рибофлавин во текот на денот може да биде превентива за мигренозни главоболки и катаракта,. Рибофлавинот исто така може да го зголеми нивото на енергија, да го зајакне имунолошкиот систем, да лекува акни, грчеви во мускулите. Природни извори рибофлавин се јаткастите плодови, зелениот зеленчук, месото и млечните производи.
Витаминот Б3 (ниацин) ја разградува храната во енергија
Витаминот Б3, исто така наречен никотинска киселина или ниацин, игра клучна улога во преработката на храната и нејзино претворање во енергија. Здравствените придобивки од ниацинот ја вклучуваат неговата употреба како третман за контрола на високиот холестерол во крвта.. Мешунките, јаткастите плодови, збогатениот леб, млечните производи, рибата и посно месо се добри извори на овој тип на витамин Б.
Витамин Б5 клучен за за здрави хормони
Витаминот Б5 е уште познат и како пантоненска киселина. Пантотенската киселина е од суштинско значење за нашето тело во произведството на хормони и е исто така потребна за раст. Витаминот Б5 може да се најде во крстоцветните зеленчуци како зелка, брокулата и кељот, а може да се најде и во авокадото. Дополнително, добри извори се целите зрна, компири, млечни производи и месо. Овој витамин Б е потребен за многу биохемиски реакции кои се случуваат во нашите клетки секој ден, вклучувајќи го и разградувањето на јаглехидратите и мастите за производство на енергија.
Доколку ти е потребна консултација со нутриционист, разгледај ги нутритивните улуги на овој ЛИНК или контајктирај ме на следниов КОНТАКТ.
Останете здрави и среќни!



Comments